Зошто да ја изберете ТЕТРА?

01

Професионални HVAC решенија со традиција од 2005 година

ТЕТРА Битола е приватна компанија специјализирана за продажба, проектирање и изведба на системи за греење, ладење, климатизација и вентилација, како и модерни водоводни и одводни инсталации. Преку принципот „клуч на рака“ и со сопствен висококвалификуван кадар, обезбедуваме врвна техничка поддршка и долготрајна сигурност за секој објект.

02

Комплетни инсталации по принципот „Клуч на рака“

Од идеја до реализација – нашиот тим го презема комплетниот процес на проектирање, испорака на опрема и изведба на вашите системи. Без разлика дали се работи за комплексни HVAC решенија или водоводни мрежи, обезбедуваме врвна техничка помош и сугестии за избор на најефикасната опрема соодветна за вашиот објект.

 

20+

Години искуство

48

Изведени проекти

100%

Сопствен сервис и одржување

500+

Задоволни клиенти

03

Стручна техничка поддршка и сопствен сервис

На потенцијалните купувачи, инсталатери и компании им нудиме професионална техничка помош и сугестии при изборот на опремата. Со сопствен сервис и услуги за редовно годишно одржување, гарантираме долготрајна ефикасност и сигурност на сите изведени HVAC и цевни системи.

Наши соработници